Политика на замена/враќање на производи и поврат на парични средства
Потрошувачот има право да го замени или врати производот во согласност со Законот за заштита на потрошувачите.
Потрошувачот правото за замена односно враќање на производ може да го оствари во рок од 15 дена сметано од денот на подигање т.е. достава на производот со исклучок доколку производот се враќа поради рекламација за оштетувања на истиот. Во тој случај потрошувачот е должен рекламацијата за видливи оштетувања на производот да ја направи веднаш при приемот на производот.
За остварување на правото за замена односно враќање на производ согласно оваа Политика важат следните законски услови:
производот да не бил употребуван од страна на потрошувачот;
да се сочувани изгледот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети на производот;
при поднесување на барање за замена односно враќање на производ задолжително се приложува целокупната пропратна документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.
Замената, односно враќањето на производот потрошувачот може да го реализира со испраќање на барање на емаил адресата: [email protected],со свои податоци (име, презиме и телефон) каде треба да ги наведете причините поради кои сака да направи замена/враќање на производот, по што потрошувачот ќе биде контактиран во најбрз можен рок.
Рекламација за оштетен производ се прави во моментот кога ќе биде доставен производот од страна на доставувачот до потрошувачот. Потрошувачот има право лично детално да го разгледа производот пред доставувачот и доколку има забелешки за накакви оштетувања на производот е должен одма да ги изнесе на доставувачот и да го врати производот, кој ќе му биде заменет со нов во најбрз можен рок. Потрошувачот има право и да го врати производот без барање за замена на истиот при што ќе му се рефундираат паричните средства со барање опишано во претходниот став.
Доколку не се направи рекламација за оштетување во моментот кога ќе биде доставен производот од страна на доставувачот до потрошувачот, се смета дека производот е доставен во исправна состојба и при идно барање за враќање во законскиот рок од 15 дена потрошувачот нема право да бара враќање на производот по основ на оштетен производ, односно истиот е должен да го врати согласно горенаведените законски услови за да може да му бидат рефундирани средствата.
Производот кој се менува или враќа потрошувачот е должен да го испрати преку доставувач кој ќе биде обезбеден од страна Мармакс Солушнс ДООЕЛ Скопје на трошок на потрошувачот. По приемот на производот се врши проверка дали производот е оштетен,отпакуван и користен, а потоа се испраќа соодветна замена, односно се рефундираат паричните средствата. Доколку истиот е користен, отпакуван и оштетен, замена, односно рефундација на парични средства нема да има и истиот ќе биде вратен кај потрошувачот на негов трошок.
Трошоците за достава не можат да бидат рефундирани. Паричните средства кои се уплатени за производот кој се враќа без замена поради оштетување или други причини на потрошувачот ќе бидат вратени на истата банкарска сметка која потрошувачот ја користел при плаќање на производот.