Помеѓу третата и шестата година, децата се во период кога постојано откриваат нешто ново. Сакаат да лепат, цртаат, создаваат, да испробуваат работи самостојно и да ја користат својата фантазија.
Затоа, кога избираме подарок за оваа возраст, убаво е да се одлучиме за нешто што ќе ја поттикне нивната љубопитност и ќе им даде можност активно да учествуваат во играта.
Подготвивме 8 идеи за подароци што комбинираат креативност, учење и забава – за малите уметници, љубопитковци и љубители на музиката.
1. Панорама со стикери (Poppik)
Подарок што се претвора во мала креативна авантура.
Голем панорамски постер со дури 750 стикери со кои детето постепено создава цела шарена сцена. Може да избира меѓу различни светови – диносауруси, циркус или подводен свет. Со внимателно поставување на стикерите, на крајот се добива интересна мозаик-слика.
Ова е активност на која детето може да ѝ се враќа во повеќе наврати, а кога ќе ја заврши, постерот може да стане и убава декорација за детската соба.
2. Мини постер со стикери (Poppik)
Мал подарок што лесно се носи насекаде.
Со мал формат и 26 стикери, мини постерите се одличен избор за кратка креативна пауза. Детето ја дополнува сликата со стикери, ги препознава облиците и боите и создава своја мала композиција.
Практични се и за патување, ресторан или посета кај пријатели – кога сакате да имате подготвена активност што не зазема многу простор.
3. LCD таблет за цртање (Kidywolf)
За малите уметници што сакаат постојано да создаваат.
Цртање, бришење и почнување одново – сето тоа на едно место. LCD таблетот овозможува детето да црта со специјалното пенкало, а со едно притискање на копче да ја избрише целата слика и да започне нова.
Во пакетот се вклучени и илустрации на избраната тема, кои му помагаат на детето да научи да црта. Може да ги користи како пример за прецртување, да вежба и постепено да стекнува поголема сигурност во цртањето.
Нема потреба од куп хартија, моливи или боички. Се затвора како книга и лесно се носи во ранец, па е практичен и за дома и за патување.
→ Kidywolf
4. Детски микрофон (Kidywolf)
За децата што сакаат да пеат, танцуваат и да бидат ѕвезди на домашната сцена.
Некои деца имаат омилена песна за секој дел од денот. Со сопствен микрофон, секоја дневна соба може да стане мала концертна сцена!
Одличен подарок за малите љубители на музиката, кои сакаат да пеат, да приредуваат настапи и да се забавуваат со семејството и другарчињата.
→ Kidywolf
5. Креативен постер со стикери (Poppik)
Една слика, многу можности за креативност.
Со димензии 48 × 68 cm и 150 стикери, овие постери им овозможуваат на децата да ја дополнуваат сликата и да создаваат сопствена приказна.
Џунгла, море, диносауруси или еднорози – можете да ја изберете темата според интересите на детето. Одлична активност за развивање на фантазијата, препознавање детали и вежбање на прецизноста при лепење.
→ Кој постер е соодветен за која возраст?
6. Магнетна табла (Ferflex)
Подарок што расте заедно со детето.
Магнетната табла создава мал простор за секојдневно истражување и игра. Со помош на магнети, букви и броеви, децата можат да редат, комбинираат, препознаваат и да создаваат различни комбинации.
Може да се користи за слободна игра, први обиди за составување зборови или запознавање со броевите.
Она што ја прави особено практична е нејзината флексибилност – таблата може да се преместува од еден на друг ѕид според потребите и распоредот во просторот.
7. Силиконска торбичка (Zoofamily)
За сите мали богатства што мора да бидат при рака.
Камења, играчки, омилени ситници или нешто што детето само го избрало – секое дете има свои мали богатства што сака да ги носи со себе.
Силиконските торбички во форма на мече или еднорог се симпатичен и практичен подарок за деца од 3 до 10 години. Лесни се за носење, а нивниот весел дизајн ги прави омилен додаток за прошетки, излети и секојдневни мали авантури.
8. Ваучер – кога изборот го оставате на родителите
Понекогаш најдобриот подарок е можноста да се избере.
Ако не сте сигурни што веќе има детето, што му е интересно или кој подарок најмногу би му одговарал, ваучерот е одлично решение.
Родителите можат сами да го изберат подарокот што најмногу ќе одговара на нивното дете, а вие сепак ќе подарите нешто внимателно одбрано.
Како да го изберете вистинскиот подарок?
Секое дете има различни интереси, па затоа најдобриот подарок е оној што одговара на неговата љубопитност и карактер.
- За креативните деца: панорами, мини постери и LCD таблет за цртање.
- За малите љубители на музиката: детски микрофон.
- За децата што сакаат да учат низ игра: магнетна табла, едукативни постери.
- За малите авантуристи: силиконска торбичка за сите нивни мали богатства.
- Кога не сте сигурни што да изберете: ваучерот е секогаш добра опција.
Најважно е подарокот да одговара на интересите на детето и да му даде можност да создава, истражува и ужива во играта.
Брз водич по буџет
| Буџет | Идеја |
|---|---|
| до 1.000 ден | мини постер (620 ден), креативен постер (870 ден), панорама со стикери (950 ден), ваучер (од 1.000 ден) |
| до 2.000 ден | силиконска торбичка Zoofamily (1.400 ден), LCD таблет за цртање (1.450 ден), магнетна игра (1.700 до 1.800 ден), детски микрофон (1.900 ден) |
| над 2.000 ден | автомобил на далечинско (3.300 ден), магнетна табла (3.600 ден) |
Во Little Dinos веруваме дека најубавите подароци се оние што инспирираат нови идеи, мали откритија и многу игра.
Истражете ја нашата понуда и пронајдете го подарокот што ќе донесе насмевка!