Тука се одговорите на прашањата што најчесто ни ги поставувате. Ако не го најдете вашиот, пишете ни на [email protected], јавете се на +389 70 754 582 или пишете ни на Instagram @littledinos.mk.
Достава
Колку трае доставата?
Рокот за испорака е 5 работни дена. Нарачката ја предаваме на курирската служба во најбрз можен рок, а нарачките направени во неработен ден ги обработуваме првиот работен ден.
Колку чини доставата?
Доставата е бесплатна за нарачки над 4.000 ден. За помали нарачки моментално чини 160 ден (цената зависи од курирската служба) и се плаќа со картичка заедно со нарачката. Точниот износ го гледате пред плаќањето.
Како се доставува пратката?
Пратката ја носи курирска служба на адресата што ја внесувате при нарачка. Пред доставата курирот ве контактира со СМС или телефонски повик. Доставува секој работен ден од 8 до 19 часот и во сабота од 9 до 15 часот. Ако курирот не успее да ве добие по 2–3 обиди, нарачката се откажува.
Испраќате ли надвор од Македонија?
Не, доставуваме само на територијата на Македонија.
Плаќање
Како се плаќа?
Со платежна картичка Visa, Mastercard или Maestro, на безбедната страница за плаќање на НЛБ Банка. Податоците од картичката не ги гледаме и не ги чуваме ние.
Може ли да платам при достава, во готово?
Не. Плаќањето е само со картичка, при нарачката.
Враќање и замена
Може ли да вратам или заменам производ?
Да, во рок од 15 дена од доставата, ако производот не е користен и ги има етикетите и оригиналното пакување. Барањето го испраќате на [email protected] со име, презиме, телефон и причина. Сите услови се во Политиката за замена и враќање.
Кој ја плаќа доставата при враќање?
Трошокот за испраќање при враќање го плаќа купувачот, а трошокот за првата достава не се враќа.
Што ако пратката стигне оштетена?
Прегледајте ја пратката пред курирот. Ако има видливо оштетување, кажете му веднаш и вратете ја: ќе ви испратиме нов производ или ќе ви ги вратиме парите.
Како ми се враќаат парите?
На истата сметка со која сте платиле, откако ќе го примиме и прегледаме производот.
Производи
Дали производите се оригинални?
Да. Повеќето производи ги нарачуваме директно од брендовите, меѓу кои Kidywolf, Poppik, Dock & Bay, Zoofamily и други.
Како да ја изберам големината на облеката?
Ако детето е меѓу две големини, препорачуваме поголемата. Не сте сигурни? Пишете ни ја висината и возраста на детето и ќе ви помогнеме.
Нешто го нема на залиха. Ќе го има ли повторно?
На страницата на производот внесете ја вашата е-пошта во полето за известување и ќе ви пишеме кога производот повторно ќе биде достапен. Некои производи ги распродаваме и нема повторно да ги нарачуваме.
Подароци
Имате ли ваучери за подарок?
Да, ваучери од 1.000, 2.000, 3.000 и 5.000 ден или со износ по ваш избор. Ваучерот не се испраќа по пошта, па нема трошоци за достава: по плаќањето го добивате како датотека за преземање. Ваучерот важи 6 месеци од датумот на испорака, а купениот износ се користи во целост.
Може ли да испратам подарок на друга адреса?
Да, при нарачка внесете ја адресата на која треба да стигне пратката. Ако не сакате фактурата да биде во пакетот, кажете ни при нарачката и нема да ја ставиме.